Македонија не е дел од „Трансјадранскиот гасовод
Денес, 17 мај, со официјална церемонија во Солун ќе биде даден потег на проектот за Трансјадранскиoт гасовод (ТАП), кој ќе обезбеди сино гориво од Каспискиот регион за Европа.
Денес, 17 мај, со официјална церемонија во Солун ќе биде даден потег на проектот за Трансјадранскиoт гасовод (ТАП), кој ќе обезбеди сино гориво од Каспискиот регион за Европа.
Бугарија исто така може да се искористи од разновидноста на енергетските извори преку идната гасна врска со Грција.
Трансјадранскиoт гасовод се планира да започне од турско-грчката граница, да помине низ Грција, Албанија до Италија. Тој е дел од планираниот Јужен гасен коридор, кој до Европа треба да донесе гас од наоѓалиштето „Шах Дениз 2“ азербејџанското поле на Каспиското Море.
ТАП е продолжение на Јужнокафкаскиот и Трансанатолскиот гасовод. Трасата поминува низ Грузија, Турција, Грција, Албанија, а се очекува да има разграноци, освен за Бугарија, и за Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Бугарија ќе се приклучи кон проектот преку интерконекторна гасна врска со Грција.
Вчера, оваа Обратна врска, како и терминал за течен гас до Александрополис беа разгледани на средба меѓу министрите за енергетика на двете змеји. Тие се обединиле околу тоа дека овие проекти треба да се развиваат заедно и зависат еден од друг.
Сигурни количества гас за ТАП сепак ќе има дури по 2020 година, кога ќе влезе во употреба наоѓалиштето „Шах Дениз 2“. Се очекува потоа во Европа, по цевка да се доставуваат до 10 милијарди кубни метри гас годишно.
Што е ТАП?
Шах Дениз II е најголем енергетски проект на светот, се предвидуваат инвестиции од околу 35 американски долари, како и голем број на нови работни места.
„Станува збор за историска одлука и историски ден за Азербејџан и за цела Европа, бидејќи се отвора нов јужен гасен коридор кон Европа, кој ќе ја овозможува посакуваната енергетска диверзификација и енергетска безбедност. Овој настан ќе ја промени енергетската слика на Европа“, изјави претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.
Во почетната фаза, покрај Азербејџан, се и државите Грузија, Турција, Грција, Албанија, Италија, а по наредната фаза се очекува соработката да се прошири на Црна Гора и Хрватска, рече Алиев.
Во рамки на проектот Шах Дениз II, планирано е првото снабдување со гас во 2018 година за Турција, а во 2019 година за останатите европски држави.
Шах Дениз II е едно од најголемите гасни полиња, со три билиони кубни метри плин. Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина потпишаа меморандуми.
Ресорните министри на Хрватска, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина потпишаа меморандуми со Азербејџан и фатија приклучок и кон овој мегагасоводен проект.
Хрватска ќе се приклучи на проектот Јадранско – јонски гасовод, кој ќе се гради од Сплит до албанскиот град Фиере.
„Целиот проект е многу важен за севкупната слика за енергетската независност односно добивање на гас од различни кракови, а ова е еден од нив“, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во Баку, Азербејџан.
Домашната експертска јавност досега многупати ја повикуваше Македонија да побара да биде дел од Трансјадранскиот гасовод.
„Овој гасовод поминува многу блиску до нашата граница и тој овој проект најверојатно ќе се реализира од следната година. Тој треба да донесе големи количини на природен гас, а тоа е иделана причина Македонија да фати приклучок и да добиеме алтернативно снабдување со природен гас. Ние имаме од 1997 изграден гасоводен систем, иако за волја на вистината само во Скопје и преку тој гасоводен систем се снабудваме само со руски гас, затоа е потребно за да се намали цената на природниот гас да се направи нова инфраструткруа“, велат експерти во оваа областа за Фактор.
Тие алармираат дека е штета што Македонија не се интересира и испушта можности за осигурување на енергетската безбедност.
„Хрватска е вклучена во четири енергетски проекти, а во сите тие проекти ние не сме никаде. Што е уште пострашно ние сме многу долу на оваа скала во споредба со сите регионални држави. Ова значи дека политички сме спиеле, додека за другите држави е важна енергетската сигурност. Тоа е невозможно. Босна и Херцеговина која е во постојана политичка криза има меморандум за разбирање за проектот ТАП, а ние немаме“, додаваат аналитичари.