Skip to main content

министерство за здравство

Следната недела финалната верзија на новиот закон за пушење ќе биде доставена до Владата

Министерство за здравство: Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.
 |  инфодеск  | 
пушење

Од Министерството за здравство информираат дека остануваат целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови.

Во нивното соопштение додаваат дека во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата и потенцираат дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот.

-Целите остануваат јасни и непроменети: спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории, велат од Министерството.

Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваат дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок.