МВР
Три лица загинаа, осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар
Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесени во болницата во Кичево, дел во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
| инфодеск | Македонија

Три лица загинаа, а осум се повредени во тешката сообраќајната несреќа што се случи синоќа на патниот правец Кичево-Гостивар, кој од 21:00 часот беше затворен за сообраќај.
Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вчера во 20:55 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол во која учествувале три возила.