Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Цените на горивата се намалуваат за денар и пол

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
 |  инфодеск  | 
a man pumping gas into his car at a gas station

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година.

Во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,806%, кај дизелот за 9,605%, кај екстра лесното масло за 8,205% и кај мазутот намалувањето е за 6,515%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,1582%.

Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 46,288 (денари/килограм)