Ќе се формираат заеднички контакт центри за полициска соработка меѓу Макеоднија и Косово
Министрите за внатрешни работи на Репурблика Македонија Гордана Јанкуловска и Република Косово Бајрам Реџепи, потпишаа значаен договор за соработката помеѓу полицијата на РМ и Р Косово. Станува збор за формирање заеднички контакт центри за размена на информации кои освен што значат поедноставно и поефикасно полициско работење, во смисла на надзор на заедничката државна граница, ќе значат и долонителен, квалитет во работата на македонската и косовската полиција во смисла на надминување на бариерите односно рационализација на ресурсите и нивно правилно користење.
„Со потпишувањето на овој договор потврдуваме дека соработката помеѓу двете земји и понатаму се одржува на едно исклучително добро и виоско ниво, и пример и потврда за тоа е што за само неколку месеци, од преземањето на последниот сектор, од страна на косовската полиција од КФОР, за надзор на државната граница, ние успеавме да ги комплетираме речиси сите процедури, во смисла на спроведување на заеднички патроли за надзор на границата кои се веќе секојдневие и реалност на нашата граница.“ рече Министерката Јанкуловска.
Денес потпишуваме догоор за заеднички контакт центар, а понатака ќе ги разгледаме и сите други опции и можности за унапредување на соработката во остатокот од полициското работење.
„Денеска го потпишавме овој протокол, за формирање на заеднички контакт центар за полициска соработка задоволни сме од досегашната соработка со МНР а исто така истото се повтороува со Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.“, рече Министерот Реџепи.
Реџепи додаде дека кога ќе се средат финансиските проблеми кои министерството ги има за изработка на биометричките патни исправи, може да се очекува дека жителите на овие две земји ќе може да патуваат само со нивна уптреба.
{loadposition content9}