Skip to main content

МВР

Во сила новиот систем за набавка на муниција, граѓаните со легално оружје ќе купуваат директно од овластените продавачи

Тошковски: Граѓаните кои поседуваат оружје можат директно да набавуваат муниција без претходно одобрение.
 |  инфодеск  | 
куршуми

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти и повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција.

-Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања. Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор. Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.