Skip to main content

Европски суд за човекови права: Претепан затвореник во Идризово ќе добие 11.295 евра, државата призна повреда на правата

Државата ќе плати 11.295 евра за претепување на затвореник во Идризово
 |  инфодеск  | 
Architect : Richard Rogers Partnership

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет за човекови права информираат дека Европскиот суд за човекови права вчера донесе одлука по пат на унилатерална декларација во предметот „Фитим Муслиу против Северна Македонија“, а била поднесена на 30 август 2022 година.

Имено, случајот се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога, според поднесената претставка, затвореник од Идризово бил брутално претепан од затворски полицаец пред кантината во установата. Тој тврдеше дека бил изложен на тортура, но и дека домашните институции не спровеле ефикасна и темелна истрага за да се утврди одговорноста. Најавената кривична пријава против командирот на затворската полиција за мачење, малтретирање и дискриминација беше отфрлена, а Вишото јавно обвинителство го потврди тоа решение, оставајќи го апликантот без домашна правна заштита.

Државата се обврзала да му исплати на оштетениот 11.295 евра како надомест за нематеријална штета. Иако подносителот на претставката не бил целосно задоволен од ваквиот исход, Судот одлучил да го затвори предметот поради признанието на повредата и преземената обврска за обештетување.

Инаку, оштетениот бил застапуван од адвокат Диме Ѓорчевски од Скопје, член на тимот на адвокати на МЗМП. Предметот бил воден во рамки на проектите „Елиминација на тортурата и нехуманиот третман во затворите и установите за лишување од слобода “ и „Борба со тортурата и нехуманиот третман“, поддржани од Европската Унија, а имплементирани од Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права.