Skip to main content

Здружението „Harvest Cooperative“ од Охрид и Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ потпишаа меморандум за соработка

Факултетот ќе ги овозможи сите потребни услови за одржување на АгроСамит 2024, настан којшто ќе се одржи на 9-ти март оваа година во Скопје во организација на здружението „Harvest Cooperative“ Охрид.
 |  инфодеск  | 

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу здружението „Harvest Cooperative“ Охрид и Факултетот за земјоделски науки и храна при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Вчера во салата на Деканатот, деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, Проф. д-р. Вјекослав Танасковиќ и основачот и претседател на здружението „Harvest Cooperative“ Охрид Акин Сезер потпишаа меморандум за соработка.

Потпретседателите на Основачкиот одбор Јасмина Луканова и Васил Петрушевски како и и членот на Надзорниот одбор Димитар Самарџиев имаа можност да го информираат Проф. д-р. Танасковиќ за визијата, досегашната работа и планираните активности на здружението. Беше одлучено да се обезбедат услови за спроведување на заеднички проекти во насока на унапредување на земјоделските практики како и взаемна поддршка во форма на обуки, спроведување истражувања и обезбедување техничка помош.

Проф. д-р. Танасковиќ изјави дека Факултетот ќе ги овозможи сите потребни услови за одржување на АгроСамит 2024, настан којшто ќе се одржи на 9-ти март оваа година во Скопје.

АгроСамит 2024 е во организација на здружението „Harvest Cooperative“ Охрид под покровителство на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ. На него учество со свои предавања ќе имаат неколку експерти од областа на земјоделските науки како: Проф. д-р. Фросина Бабановска Миленковска, Проф. д-р. Хазир Положани, Проф. д-р. Мирјана Јанкуловска, контролор/инспектор Горан Трајковски и м-р Ласта Миленковски.

Учесниците на самитот, меѓу другото ќе бидат информирани и за програмите за поддршка на земјоделството, добри практики за зачувување на стари автохтони семиња, како до безбедна храна, принципи на органското производство и процесите на сертификација на таквото производство, итн. Настанот ќе се одржи во колоритна атмосфера збогатен со Фестивал за размена на семиња каде посетителите ќе имаат можност да пробаат и дел од производите од членови на здружението коишто имаат долгогодишно искуство и веќе докажан квалитет.