Избори втор круг
Според Државната изборна комисија вкупен број на гласачи запишани во избирачкиот список биле 1 792 082, или во проценти 42,61 %. гласачи. Од нив гласле 763 637 гласачи.
За избор на претседател речиси двојно доби кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов 453426 гласови, додека неговиот противник Љубомир данаилов Фрчковски 264692.
Во општина Охрид според ДИК, вкупен број на гласачи запишани во избирачкиот список беа 53 893 гласачи, а од нив гласале 34 139 гласачи. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов освои 180786 гласа, додека Љубомир данаилов Фрчковски 13 290 гласови.
Во општина Струга пак вкупен број на гласачи запишани во избирачкиот список беа 57 371 граѓани со право на глас,а од нив гласале 16 921 гласач. Ѓорѓе Иванов во Струга освои 8359 гласови, а Љубомир данаилов Фрчковски 7113 гласови. Државната изборна комисија ги објави и подаците по основ излезеност на гласање за градоначалник, како и гласовите кои ги освоија кандидатите во вториот изборен круг. Вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список во општина охрид е 53 893, а од нив гласале 34 476 гласачи. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ кирил трендафилов нанче освои 16 593 гласови, а кандидатот на СДСМ Александар Петрески 17 015 гласови. Од ДИК не информираа дека до 17,00 часот, до затворањето на дневникот, до нив нема доставено приговори, од политичките партии во охрид и Струга.Краен рок за досатавување на истите е 48 часа од затворањато на избирачките места.
Според информациите добиени од набљудувачите и дваесет и осумте регионални координатори прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето на петти април 2009 беше спроведено во мирна атмосфера и во најголем дел во согласност со меѓународните стандарди. Но, случаите на семејно, групно и гласање во име на друг, неправилностите во спроведувањето на процедурата на гласање, како и притисоците и заплашувањата на граѓаните останаа да бидат проблем и на овој круг од изборите, велат од МОСТ.
На изборниот ден не беа забележани никакви инциденти во и околу избирачките места. Набљудувачите најчесто известуваа за неправилности од типот на семејно гласање, групно гласање, пропусти во раководењето со избирачките списоци, нарушена тајност на гласање, а на повеќе места на граѓаните не им беше дозволено самостојно да решат за кој тип на избори ќе гласаат, туку беа принудени да гласаат и за локални и за претседателски избори. Избирачките одбори бараа да бидат потпишани и двата списока и не им оставаа можност на граѓаните да одбираат дали сакаат да гласаат за двата изборни процеса, или да донесат своја одлука за изборот. Според потврдените информации исто така беше забележано и гласање без употреба на УВ ламба и безбоен спреј, како и неадекватна идентификација на гласачите. Овој изборен круг беше карактеристичен и по јасно изразените и спротивставени ставови во поглед на излегувањето и гласањето на изборите, од страна на различните групи граѓани. Додека едните излегуваа и гласаа, на други места имаше сосема мал број на излезени гласачи или воопшто ги немаше.
Помеѓу двата изборни круга, не стивнаа постојаните пријави од граѓаните за закани и заплашувања, преместување од работни места, па дури и отпуштања. Ова беше најмногу изразено во општините Берово, Охрид, Росоман, Шуто Оризари, но и на други места.