Изгласани измените на Законот за возила со кои се олеснува процесот на регистрирање на возилата
Пратениците вчера на продолжението на 59. седница без расправа со 64 гласа „за“ без воздржани и против го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.
Со законските измени се олеснува процесот на регистрирање на возилата, така што им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола, како и тоа регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во близина на местото на живеење.
–Целта е да се обезбеди појасна, пофункционална и поконзистентна правна рамка која одговора на реалните потреби на системот. Измените се однесуваат на условите за именување на директор на Бирото за јавна безбедност. Водејќи се од начелото на професионалност работното искуство од 12 години се дефинира исклучиво во полициски работи и ова е клучната измена во согласност со она што го имаме како моментално решение. Со што цениме дека ќе се зголеми потребата од професионално искуство на директорот на БЈБ, кој што би требало да биде првиот полицаец. Второ, ја проширување рамката на прифатливо образование од досегашните четири факултети, кон поширок опфат на факултети од општествените науки, изјави Тошковски.
Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, образложувајќи ги предлог измените, рече дека тие се технички, со оглед иако овој закон 12 години е на сила не покажал резултати поради нејасни ставови.