Skip to main content

Именуван новиот украински амбасадор во Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов вчера во летна резиденција во Охрид, ги примил акредитивните писма на новоименуваниот украински амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, соопштуваат од кабинетот на претседателот.

 |   | 
jurij Goncaruk
Јуриј Гончарук

Претседателот Ѓорге Иванов вчера во летна резиденција во Охрид, ги примил акредитивните писма на новоименуваниот украински амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, соопштуваат од кабинетот на претседателот.

Ivanov i GoncarukНа средбата Иванов изразил задоволство од високото ниво на соработка меѓу двете земји, и од добрите општи односи. Тој се заложи за натамошно продлабочување на економската размена меѓу двете држави оценувајќи дека се работи за економии кои меѓусебно се надополнуваат, а кои дополнително може да ја развиваат соработката во областа на земјоделството и туризмот и промоцијата на верските и културните знаменитости.

Претседателот Иванов подвлече дека двете земји спроведуваат сериозни реформи и минале голем пат кон полноправно членство во НАТО и во Европската Унија.

Од своја страна амбасадорот Гончарук ги потенцирал договорите потпишани меѓу двете земји, кои овозможуваат слободна трговска размена и Договорот за пријателство и соработка. Совпаѓањето на приоритетите на двете земји, за членство во НАТО и во Европската Унија, Гончарук го оцени како дополнителен стимул за дијалог меѓу двете земји.






{loadposition content9}