Инциденти со дрога, закани и напад меѓу ученици во западниот регион
На 02.12.2025 во 20:50 часот во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од ОВР Струга приведоа 31-годишно лице од Охрид откако претходно, беше затекнат како користи кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.12.2025 во 10:35 часот на улицата „Санде Штерјоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 39-годишно лице од Кичево. Тој, претходно во двор во кичевското село Карбуница, со секира ѝ се заканувал на 46-годишна жена од истото село. При извршен преглед над него е пронајден и одземен нож. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.12.2025 во 15:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во основно училиште во Дебар, неколку малолетници нападнале ученик во училиштето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.