Локални избори 2025: Македонија избира градоначалници и општински советници
Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија велат дека навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 право на глас имаат 1.832.415 граѓани, а меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
52 580 охриѓани денеска гласаат на 87 избирачки места. Во Дебрца гласаат вкупно 3937 избирачи.
Првичните резултати од изборите се очекуваат околу полноќ.
Според првичните податоци од Државната изборна комисија, до 09:15 часот своето право на глас го оствариле 41.890 граѓани, што претставува околу 3% од запишаните избирачи на ниво на целата држава. Во Охрид излезеноста е 2,82%.