Одземен пасошот на битолскиот градоначалник, но притвор нема
Кривичниот суд му го одзеде пасошот на битолскиот градоначалник. Иако специјалното обвинителтсво бараше притвор за Владимир Талевски, кој е првоосомничен во Транспортер, судот по распитот изрече поблага мерка, пренесува „24 вести“.
Кривичниот суд му го одзеде пасошот на битолскиот градоначалник. Иако специјалното обвинителтсво бараше притвор за Владимир Талевски, кој е првоосомничен во Транспортер, судот по распитот изрече поблага мерка, пренесува „24 вести“.
„Во врска со предметот „Транспортер“ судија на претходна постапка по разгледување на предлогот донесе решение со кое истиот е одбиен, а е определена мерка на претпазливост, односно одземање на патна исправа на осомничениот.“ – велат од Кривичен.
По завршениот распит Талевски ги избегна медиумите и ја напушти судската зграда од задниот влез, заедно со неговиот адвокат. Специјалниот обвинител однесе неколку кутии со докази кај судијата кој го води распитот и одлучува за мерките, со цел да ја докаже основаноста на барањето за притвор.
Пред два месеца СЈО ја обелодени истрагата во која првоосомничен за криминалот со превозот на ученици е Владимир Талевски. Наплаќан бил неколкукратно повеќе од договорените суми и за две години биле злоупотребени 360 000 евра буџетски пари. Заедно со Талевски осомничен е и неговиот најблизок соработник Слободан Бончановски, кому куќниот притвор му беше укинат пред неколку дена. Осомничени се уште 20 директори на средни и основни училишта и директори на фирмите- превозници. Првично, битолскиот градоначалник немаше кривична одговорност поради аболицијата од Иванов, а СЈО побара конфискација на три стана, 33 автобуси и осум автомобили- мерки за кои судот се уште нема донесено одлука.