Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Од вечерва на полноќ горивата поевтинуваат

Од полноќ цената на бензинот БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, БС-98 ќе чини 84 денари, а дизелот ќе се продава за 95,5 денари за литар.
 |  инфодеск  | 
Горива

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи од полноќ да ги намали максималните малопродажни цени на нафтените деривати, со просечно намалување од 2,73%. Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар.  Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,5 денари за литар и ќе биде 96,5 денари. Со одлуката на РКЕ за 2,084 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС  и ќе изнесува 49,227 денари.

РКЕ посочува дека намалувањето се должи на пониските референтни цени на светските пазари (од 2,7% до 4,5% по производ), како и на зајакнатиот денар во однос на американскиот долар.