Skip to main content

вмро-дпмне

Промени во врвот на ВМРО: Ковачки станува партиски генерален секретар, Томовски е организациски секретар, Пецаков дел од ИК

Мицкоски: Во услови кога имаме опозицијата којашто не нуди решенија и којашто е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани.
 |  инфодеск  | 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го соопшти новиот состав на Извршниот комитет на партијата, по одржаната седница на Централниот комитет на која, како што истакна, биле донесени клучни одлуки за понатамошно организациско зајакнување и модернизација на партијата.

Мицкоски информираше дека за организационен секретар е именуван Ивица Томовски, додека Владимир Неловски продолжува да ја извршува функцијата шеф на кабинетот.

Според него, новиот состав има за цел да обезбеди поефикасна, обединета и функционална партиска структура која ќе понуди конкретни и одговорни политики за граѓаните. Во наредниот период, најави и избор на претседатели на општинските комитети, како и нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и на ветераните на партијата.

-Во услови кога имаме опозицијата којашто не нуди решенија и којашто е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани, изјави Мицкоски.

За генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки, а членови на Извршниот комитет се Александар Николовски – министер за транспорт, Владо Мисајловски – миистер за одбрана, Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии, Тимчо Муцунски – министер надворшни работи, Никола Мицевски – координатор на пратеничката група, Луке Галевски – дел од кабинетот на владата и шеф на центарот за комуникации, Антонио Милошоски – потпретседател на собрание, Дафина Стојаноска – пратеничка, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков – градоначалник на Општина Охрид, Марија Андоновска – директор на ИЈЗ, Ели Панова – пратеничка, Игор Јанушев,Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Град Скопје, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.

Мицкоски најави дека во наредниот период на составот на Извршниот комитет ќе му се приклучат и новоизбраните претседатели на општинските комитети, со што, како што рече, ќе се заокружи процесот на внатрешна реорганизација на партијата.