Рекорден број патници на македонските аеродроми
Во периодот јануари-ноември 2016 година превезени се рекорден број на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија.
Во периодот јануари-ноември 2016 година превезени се рекорден број на патници што поминале на двата аеродроми во Република Македонија.
Од месец јануари заклучно со месец ноември 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 15,7 % поточно превезени се 1 661 010 патници.
На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – ноември 2016 година регистрирани се вкупно 1 524 985 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезесни 1 338 470 патници, се забележува зголемување од 13,9 %.
На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид за периодот јануари – јуни 2016 година, превезени се 136 025 патници, што во споредба со истиот период од 2015 година кога биле превезени 96 585 патници, се бележи зголемување од 40,8 %.
Согласно, реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – ноември се: Истанбул 12,7%, Цирих 10,1%, Виена 6,3%, Базел 4,9%, Малме 4,8%, и Лондон 4,3%.
Рекордниот број на превезени патници, како и бројот на компании кои оперираат со нови дестинации е резултат на проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај.