Цените на горивата се намалуваат за денар и пол
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година.
Во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,806%, кај дизелот за 9,605%, кај екстра лесното масло за 8,205% и кај мазутот намалувањето е за 6,515%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,1582%.
Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 46,288 (денари/килограм)


