Skip to main content

Учениците од утре на училиште

Штрајкот во образованието ставен во мирување

Штрајкот во образованието е ставен во мирување, соопштија денеска од СОНК. Учениците од утре продолжуваат со настава.
 |  инфодеск  | 
Генерален штрајк

СОНК го става штрајкот во мирување. Ова денеска на прес конференција го соопшти претседателот на Јаким Неделков.

Причина за ваквата одлука на СОНК, како што рече Неделков, е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решавање на работните спорови.

Сепак од СОНК велат дека штрајкот повторно ќе биде активиран доколку не се најде соодветно решение и доколку не се усогласат барањата со Министерството за образование и наука.

Ние сме убедени дека во наредниот период на помирување ќе најдеме заеднички решенија и дека нема да има потреба да го активираме повторно штрајкот. Доколку не се договориме во законскиот рок, штрајкот повторно ќе биде активиран – рече Неделков.

Училница клупи

Првиот човек на СОНК додаде дека очекува дневниците за време на штрајкот дека нема да бидат скратени и изрази надеж дека платите ќе бидат зголемени, а колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови.

Штрајкот започна на 11-ти април. Барањата на СОНК се зголемување на платите за 18,5% односно нивно усогласување со минималната плата која од март се зголеми на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Владата им понуди 12 % повисоки плати.