Skip to main content

Македонија одбележува 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев

Македонија денеска одбележува 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев.
 |  инфодеск  | 

Македонија денеска одбележува 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев.

Во чест на раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, повеќе делегации од земјава, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски, ќе положат цвеќе во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Поради одбележувањето, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу црквата „Св. Спас“. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во Егејскиот дел на Македонија, син на Султана и Никола Делчеви. Тој бил визионер, кој пред повеќе од еден век го разбра светот „како поле за културен натпревар меѓу народите“. Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на ЦК на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Гоцевата визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите не е само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на македонската цивилизација како цивилизација на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.