Skip to main content

Голема полициска акција

16 лица приведени за пустошење шуми во прилепско

Во координирана акција уапсени се 16 лица за пустошење на шуми во прилепско. Меѓу уапсените има и неколку малолетни лица.
 |  инфодеск  | 
Пустошење шуми прилепско

На 26.05.2022 на повеќе локации во место викано Борула, прилепско е спроведена координирана акција по Оперативна акција “Гора” на СВР Битола-ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции со поддршка на ЈП „Национални шуми“ и внатрешна контрола на ЈП „Национални шуми“, информира МВР.

Пустошење шуми прилепско

Од слобода се лишени И. А.(35), С. А.(58), А. З .(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А. А.(41), Ш. З.(41), П.К. (42) сите од Прилеп, како и седум малолетници.

Пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва. Одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни, кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП „Национални шуми”.

Пустошење шуми прилепско

По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 „Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ.