Skip to main content

мвр

20 годишен возач прегазил 22 годишна девојка во Скопје

Тешката сообраќајка се случила вчера во 23:43 часот, а според полициските извештаи автомобил „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20 годишно лице од Скопје, удрил во 22 годишна девојка пешак исто од Скопје.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

Тешката сообраќајка се случила вчера во 23:43 часот, а според полициските извештаи автомобил „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20 годишно лице од Скопје, удрил во 22 годишна девојка пешак исто од Скопје.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починала девојката, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.

Возачот бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.