Skip to main content

Министерство за здравство

201 нов случај на ковид 19 во земјава

Направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на КОВИД-19, информираат од министерството за здравство.
 |  инфодеск  | 
Ковид 19 тестирање

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 111, Битола – 27, Кавадарци – 19, Прилеп – 7, Куманово , Кичево и Кочани – по 5, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2, Велес, Гостивар, Радовиш , Дебар и Кратово – по 1.

Болница

Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од: Скопје – 151, Битола и Кавадарци – по 14, Тетово – 11, Прилеп – 9, Куманово – 7, Кочани и Охрид – по 5, Кичево , Велес, Гостивар и Неготино – по 4, Штип – 3, Гвегелија, Струмица, Делчево и Пробиштип – по 2, Радовиш, Дебар, Струга ,Свети Николе, Валандово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лице од: по едно починатo лице од Куманово (75г) и Тетово (83г),  двете лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица од: Охрид(1), Гостивар (1) и Виница(1), на возраст од 43 години до 76 години. Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 година. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (5), кај сите се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.986 тестови преку: ИЈЗ-197, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-45, Авицена-74, Биотек-63, Систина-55, лабораторија Лаор-47, Синлаб-10, Ремедика-12, Плодност-13, Генеа-12, Никоб Лаб-182, ВФВ Медикал-28, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 921.