На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата
На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата како резултат на владината уредба за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати за април.
На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата како резултат на владината уредба за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати за април.
Ова е резултат само од оваа антикризна мерка на Владата како поддршка на стопанството за ублажување и справување со последиците од коронакризата која е од значителна помош за компаниите кои беа први на удар на кризата и кои ги исполнија условите, односно покажаа загуби со закана за загуба на работни места.
Од вкупниот број на поднесени барања, 2.377 барања се од угостителската дејност, 253 се туристички агенции (туроператори), 2.177 се од дејноста транспорт, 258 се од објекти за сместување, а 16.625 се од останатите дејности.
Со уредбата на Владата за оваа мерка можеа да аплицираат и самостојните вршители на дејност (трговец-поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење на дејност и е запишано во соодветен регистар), ним им се одобрени 5.840 барања за финансиска помош од 14.500 за исплата на плати за април.
Грижата за секој работник и за неговото работно место беше цел и на дополнувањето на оваа уредба со што работодавачите можеа да ги вратат назад на своите работни места работниците на кои им беше прекинат работниот однос во периодот од 11-ти март до 30-ти април. Благодарение на ова дополнување до 7-ми мај, до кога беше определен рокот за ова, околу 500 работници се вратија на своите работни места.
На останатите им останува правото за надомест заради изгубено место во определен број на месеци соодветно на нивниот работен стаж и во висина од 50% од просечната нето плата во последните 24 месеци, мерка која се спроведува преку Агенцијата за вработување.