2207 граѓани вратени во земјава за 15 дена
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, истакна дека од 22 март до 4 април во земјава со авионски превоз, хуманитарни конвои и помош од други земји се вратени 2207 македонски граѓани
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, истакна дека од 22 март до 4 април во земјава со авионски превоз, хуманитарни конвои и помош од други земји се вратени 2207 македонски граѓани.
Тој изрази голема благодарност до луѓето во кризниот тим на МНР и сите други институции кои помогнале да се вратат граѓаните дома во многу тешки услови.
Димитров подвлече:
-За овој потфат ниту имаме претходни искуства, ниту имаме соодветни обуки, ниту имаме доволно луѓе во амбасадите и конзулатите. Имаме и големи успеси, но правиме и грешки. Добиваме секакви пораки, од трогателна благодарност до груби нервозни испади.