Skip to main content

24 години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце

Најкрвавиот и најбруталниот масакр во поновата историја на Македонија; припадници на терористичката ОНА поставија заседа на Специјалната единица на АРМ, „Волци”, беа убиени 8 лица, а нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.
 |  инфодеск  | 

Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица. 

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Во масакрот имаше и шестмина преживеани, кои иако повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.