Skip to main content

Пензиите во готово ќе се исплаќаат етапно, почнувајќи од 27ми април

На својата последна одржана  седница Владата ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година.

 |   | 

Како заклучок во врска со исплатата на априлските пензии, Владата заклучи да им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 година да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките д обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.