Почнува 29. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“
Дваесет и деветтиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечер свечено ќе биде отворен во Центарот за култура во Битола.
Manaki festival logo
Дваесет и деветтиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечер свечено ќе биде отворен во Центарот за култура во Битола.
Дваесет и деветтиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечер свечено ќе биде отворен во Центарот за култура во Битола, со врачување на Специјалната награда „Златна камера 300“ на израелско-американскиот продуцент и режисер од Холивуд Менахем Голан, кој е и член на фестивалското жири. Надвор од натпреварувачката програма вечер ќе биде прикажан британскиот филм „Другата Болејн сестра“.
Годинава фестивалот првпат ќе се одржува и во Скопје, каде што на 4 октомври ќе биде затворен со доделување на наградите „Камера 300“ за најдобрите од десетте филмови во главната програма, избрани од селекторот Благоја Куновски. Тие се најнови остварувања, снимени во 2007 или во 2008 година – бразилскиот филм „Елитна трупа“, американскиот „Јас не сум таму“, кинескиот „Внимание, страст“, италијанскиот „Гомора“, српскиот „Четвртиот човек“, францускиот „Јулија“, белгискиот „Тишината на Лорна“, шведскиот „Кралот на пинг-понгот“, данскиот „Што никој не знае“, германско-руско-казахстанската копродукција „Тулпан“, рускиот „Заробеник“ и турскиот филм „Три мајмуни“.
Одлуката за наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 за филмовите во компетитивната програма ќе ја донесе меѓународно жири, предводено од Кристијан Бергер, кинематографер од Австрија, режисер, актер, продуцент, професор и писател на бројни документарци, ТВ-филмови, и долгометражни филмови. Членови на жирито се Менахем Голан, продуцент од Израел, Столе Попов, режисер од Македонија, Су Гибсон, англиска кинематограферка и Иван Фењо, актер од Унгарија.
Новина е воведувањето на документарната програма „Verite Nuovo“, во која по избор на селекторката Евгенија Теодосиевска ќе бидат прикажани 13 најнови филмови. Програмата ќе биде отворена со контроверзниот германски филм „Другото лице на Истанбул“, светска премиера токму на фестивалот ќе има германско-турската копродукција „Два полуживота“, а ќе гостува и неговиот режисер Сервет Ахмет Голбол. Во документарната програма ќе бидат прикажани и два македонски филма – „Бабино село“ на Драгана Заревска и „По повод Манаки“ на Дарко Митревски, Александар Русјаков и Томислав Османли.
По три години на фестивалот повторно се враќа програмата „Балканика“. По избор на Никола Младиќ ќе бидат прикажани шест филмови од регионот, меѓу кои и албанскиот „Време на кометата“, кој речиси во целост е снимен во Македонија. Надвор од конкуренција во оваа програма е и норвешкиот филм „Мируш“ со тематика за Косово.
Во програмата „Кратки филмови“, по избор на Игор Иванов, ќе бидат прикажани 18 филмови, а за „Студентската програма“ избрани се 31 филм од околу 60 пристигнати, селектирани од Диме Попов и Борјан Зафировски. Ќе бидат прикажани и филмови во чест на наградените автори – програма „Руско кино“ и програма за промоција на македонските автори – режисерот Столе Попов, кој е и член на жирито, и најстариот жив фотограф Благоја Дрнков, кому ќе му биде доделено признание. Проекциите во Скопје ќе почнат утре, а фестивалски локации се Дом на АРМ, кино „Милениум“, Факултетот за драмски уметности и Кинотеката на Македонија.
Добитник на „Златна камера 300“ за животно дело за 2008-ма е Валтер Карваљо (1947), водечки бразилски и светски кинематографер, фотограф, режисер, сценарист и продуцент. По вокација е графички дизајнер, но во светот на филмската уметност влегол следејќи го својот постар брат Владимир Карваљо, режисер, актер, сценарист и продуцент. Карваљо е најмладиот лауреат на наградата за животно дело на „Браќа Манаки“ и според досега остварениот опус е апсолутно заслужен да влезе во клубот на великаните на фестивалот.
Во својата богата кариера како кинематографер снимил над 60 целовечерни филмови, а режирал четири кои, исто така, му донеле бројни фестивалски награди. Најмногу соработувал со режисерот Валтер Салес, кој е негов креативен партнер. Снимателската школа на Валтер Карваљо ја продолжува неговиот талентиран син Лула Карваљо, директор на фотографија на филмот „Елитна трупа“, кој е во официјалната програма на годинашниот фестивал. Таткото и синот Карваљо работат на најновиот игран проект, бразилско-унгарската копродукција „Будимпешта“, во кој Валтер е режисер, а Лула кинематографер.
Покрај Менахем Голан, кому наградата ќе му биде врачена вечер, лауреати на Специјална награда „Златна камера 300“ за особен придонес во кинематографијата се и рускиот режисер и директор во „Мосфилм“ Карен Георгиевич Шахназаров и ексјугословенскиот режисер Вељко Булаиќ.