Skip to main content

Пандемија

294 новозаразени со ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на ковид-19.
 |  инфодеск  | 
Ковид 19

Во изминатото деноноќие се регистрирани 294 нови случаи на коронавирус, а починати се две лица во болнички услови. Направени биле 2.430 тестови, информира Министерството за здравство. Согласно регистарот Мој термин, дополнително се пријавени 4 починати лица во период од 22 до 25 март, од кои три во домашни услови. Кај сите починати биле регистрирани коморбидитети.

Kорона тест

Најмногу нови случаи има во Скопје 149, потоа следуваат Битола со 36, Прилеп 20, Кавадарци 17, Велес 11.

Регистрирани сe 235 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220 а бројот на активни случаи изнесува 1.835.