Skip to main content

30 дена притвор за Љубе Бошковски

Истражeн судија од Основниот суд Скопје 1 по неколкучасовен распит синоќа му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски.

 |   | 
Boshkovski
Бошковски

Истражeн судија од Основниот суд Скопје 1 по неколкучасовен распит синоќа му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, кој вчера попладне беше уапсен под сомнение за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената должност.
По одредувањето на мерката притвор, Бошкоски беше префрлен во истражниот затвор во Шутка.
pariАдвокатот на Бошковски, Љубомир Михајловски, по распитот потврди дека тој е осомничен за двете наведени дела. – Целата ситуација е многу конфузна, со детали ќе излеземе наредната недела, најави Михајловски.
Бошкоски беше приведен вчера околу 14.30 часот пред ресторанот „Воденица“, а при извршениот претрес, според МВР, кај него се пронајдени 100.000 евра и пиштол.

{loadposition content9}