412 новозаболени и 12 починати лица во земјава
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19.
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на КОВИД-19.
Во Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Струмица – 7, Тетово и Свети Николе – по 6, Кичево ,Гевгелија и Радовиш – по 5,Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2,Неготино, Виница, Македонски Брод , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од: Скопје – 198, Куманово – 27, Штип – 22, Прилеп -21, Струмица – 19, Велес – 16, Кавадарци – 14, Гостивар – 11, Битола и Тетово – по 9, Кочани и Кичево – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Берово и Валандово – по 4, Гевгелија и Кратово – по 3, Свети Николе, Пробиштип и Неготино – по 2, Охрид, Крива Паланка и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 5 починати лица од Скопје (76г, 74г, 73г, 60г и 56г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Велес (85г), Дебар(73г), Делчево (59г), Кавадарци (85г), Крива Паланка (67г) и Тетово (64г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 25.08.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Скопје, на возраст од 64 до 88 години. Од пријавените лица сите се починати во домашни услови.
Направени се 3.379 тестови преку: ИЈЗ-264, ЦЈЗ Скопје-60, ЦЈЗ Битола-82, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–50, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–171, Жан Митрев (Филип Втори)-84, Авицена-152, Биотек-272, Систина-86, лабораторија Лаор-106, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–26, Генеа-5, Никоб лаб-435, ВФВ Медикал-47, Ели Медика-61, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.316.
Досега во земјата се направени вкупно 1.292.895 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.820, бројката на оздравени пациенти е 173.048, на починати е 6.683, а бројот на активни случаи изнесува 12.089.