Skip to main content

45 лица приведени, не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

 |   | 

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за изолација.