479 градежни фирми остануваат без лиценца

479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и надзор може да останат без лиценци од Министерството за транспорт и врски поради неисполнување на условите. Меѓу нив има и фирми со А лиценци за градби од прва категорија, како пруги, патишта, термоцентрали или брани.
-Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување. Исто така би сакал да најавам дека ќе пристапиме кон законски измени со кои овие контроли ќе бидат обврзни на секои шест месеци, а не како досега на доброволна основа и за следните контроли жалбата нема да го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш. Целта не е да казнуваме туку компаниите кои добвоволно се согласиле на условите што ги предвидува законот, доборволно да ги исполнуваат затоа што феноменот е дека во моментот на поднесување на барањето ги усполнуваат, а потоа престануваат да исполуваaт тие услови. За да не настане забуна, контролите се прават на лиценците во делот на потребниот број на вработени, а во дел на квалитет на изведување и во дел на квалитет на навремено извршување постојат соодветни надзори кои ги контролираат градбите, изјави вицепремиерот Николоски.
Листата за одземање на лиценците во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање е објавена на веб страната на министерството за транспорт.
Ќе бидат одземени и лиценците на 9 фирми од Охрид и 13 од Охрид. Како што информираше Телма, одземена е лиценцата и на „Виа инжинеринг“ од Вевчани на поранешниот вевчански градоначалник Цветомир Угриноски, роднина на поранешниот пратеник, Крсто Мукоски. Фирмата „Атриум“ на братот на Крсто Мукоски, исто така, остана без лиценца.
Од министерството најавија измени во законот со кои контролите ќе бидат задолжителни на секои 6 месеци, а одземањето по одземањето на лиценцата фирмата нема да може да работи додека трае процесот на жалбена постапка.