Skip to main content

Рурален развој и туризам

50 села, 50 приказни

Проектот ги таргетира селата со потенцијал за агротуризам, рурален туризам, социо-економски развој, културно наследство.
Село во Македонија

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за формирање работна група за Реализација на проектот „50 села, 50 приказни” и донесе Решение за формирање на работна група.

Проектот има за цел интегриран рурален развој. Ги таргетира селата со потенцијал за агротуризам, рурален туризам, социо-економски развој, културно наследство. А, очекувањата од проектот се: зголемен број туристи; ревитализација на туристичката инфраструктура  во руралните средини; зголемен број туристички инвестиции во руралните подрачја; промоција на алтернативни форми на туризам како: агротуризам, авантуристички туризам, гастротуризам, етно туризам, екотуризам, ловен туризам и слично; намалување на иселувања од овие рурални места.

Проектот, како што е објаснето од кај предлагачот, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, има три развојни компоненти: фокус кон подобрување на јавната инфраструктура; економски развој преку подобрување на туристичкиот потенцијал во руралните средини, поддршка за локални производи и услуги, локални саеми и создавање повеќе работни места и развојот на човечкиот и социјалниот капитал, преку поддршка на рурални мрежи, граѓанското општество, обука на населението за локални водичи, заштитата на културното наследство, обичаите и традициите и руралното живеење.

Село во Македонија

Главната цел е заинтересираност за развој на туризмот во државата и привлекување македонски граѓани кои емигрирале во странство, да инвестираат во руралниот туризам во своите родни села и на тој начин намалување на иселувањето на младите и креирање зелени работни места.
Временска рамка на проектот е четири години, почнувајќи од оваа година, до 2026 година.