Skip to main content

Министерство за здравство

520 новозаразени со ковид во земјава

Направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 520 нови случаи на ковид 19, информираат од Министерството за здравство.
 |  инфодеск  | 
Ковид пациенти

520 новозаразени со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.869 тестови, а 28% од тестираните се позитивни на вирусот. Регистрирани се и 137 реинфекции.

Најголем дел од новозаразените се од Скопје, 314.

Во изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице. Но, од Мој Термин регистрирани се четири починати лица од 28 јуни до 07 јули. Станува збор за двајца скопјани на возраст од 67 и 83 години, еден охриѓанец на возраст од 80 години и еден тетовец на возраст од 69 години.

Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645.

Според податоците од Здравство, најмногу активни случаи има во Скопје – 925, Битола – 106 и Куманово – 87. Во Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево во моментот нема ниту еден активен случај со ковид-19.