МВР: ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС НЕ СЕ ПОЧИТУВА ДОСЛЕДНО, ПРИВЕДЕНИ 56 ЛИЦА
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР за периодот 16/17.04.2020 година, а по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 83 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 56 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 163 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.