Skip to main content

Сојуз на синдикати на Македонија

57.476 денари изнесува минималната потрошувачка кошничка во февруари

57.476 денари му се  потребни на четиричлено семејство за да ги задоволи основните потреби во февруари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати. Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. 
 |  инфодеск  | 
маржи основни производи

Вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари, според пресметката која денеска ја објави Сојузот на синдикати.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари. 

На семејство во кое двајцата родители се со минималец им недостасуваат скоро седумнаесет и пол илјади денари за да го истуркаат месецот.

Најголема ставка се храната и пијалаците – 21.219 денари а потоа се образованието со 7.022 денари и режиските трошоци со 6.014 денари. За транспорт месечно четиричлено семејство треба да издвои 4.956 денари, а за рекреација и култура 4.245 денари. За двете ставки, лична хигиена и хигиена во домот, односно за здравје, треба да се одвојат вкупно 2.912 денари.