63 години прилепски театар
Со вчерашната изведба на претставата „Сонот на Цепенко” во режија на Кирил Петрески, прилепскиот театар при ЦК „Марко Цепенков“ ќе одбележи 63 години од формирањето.
Со вчерашната изведба на претставата „Сонот на Цепенко” во режија на Кирил Петрески, прилепскиот театар при ЦК „Марко Цепенков“ ќе одбележи 63 години од формирањето.
Љубителите на театарот ќе уживаат во музичката кореодрама во режија на Кирил Петрески, со која се раскажува сонот на Цепенков, но и видувањата на режисерот на творештвото на Марко Цепенков.
Во театарската хроника е забележано дека завесата во Театарот „Војдан Чернодрински“ се кренала на 18 февруари во 1950 година, со премиерата на „Кир Јања”, од Ј.С.Поповиќ, во режија на Ацо Михајлоски.
– Досега се прикажале над 360 премиери. Најгледана е „Солунски патрдии”, а веднаш потоа „Од кол на кол”, и двете во режија на Коле Ангеловски. Во изминатите 62 години театарска традиција, пред 1,5 милиони посетители сме одиграле илјадници комедии, драми, трагедии – вели Тони Чатлески, директор на ЦК „Марко Цепенков“.
Последните години театарот постигна големи успеси со претставите „Тапани во ноќта“ и „Кавкаскиот круг со креда“ и двете во режија на Мартин Кочовски, со кои победи на престижните фестивали МЕСС во Сараево и Експонто во Љубљана.
{loadposition content9}