Skip to main content

65 години Макеоднска филхармонија

Македонската филхармонија ќе ја одбележи 65-годишнината со свечен концерт вечер, кога ќе бидат презентирани и фотографии на оркестарот од неговото формирање до денес.

koncert
концерт

Македонската филхармонија ќе ја одбележи 65-годишнината со свечен концерт вечер, кога ќе бидат презентирани и фотографии на оркестарот од неговото формирање до денес.

FilharmonijaКонцертот ќе го води полскиот диригент Јануш Пшибилски, а како солист ќе настапи пијанистката Елена Мисиркова-Лоза, која е амбасадор на културата на Македонија во Австрија.

На програмата ќе бидат Концертот за пијано и оркестар од Властимир Николовски и популарната Симфонија бр. 5 од Чајковски.

Македонската филхармонија е единствениот симфониски оркестар во Македонија кој непрекинато работи повеќе од шест децении. Филхармонијата, сместена во Домот на АРМ, треба да добие сопствен простор. Изградбата на новата концертна сала почна во март годинава на просторот помеѓу Македонската опера и балет и Факулетот за музичка уметност. Со објектот, кој се гради според проект на архитектот Виктор Михајлов, Филхармонија ќе добие адекватни услови за работа.

Македонската филхармонија е формирана на 24 ноември 1944 непосредно по ослободувањето на Скопје. На диригентскиот пулт на оваа значајна национална институција биле повеќе доајени на македонската музика, а основачи и први диригенти на оркестарот се композиторите Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев. Оркестарот е повеќепати преименуван и приклучуван кон други институции (Македонската опера и балет и Македонското радио), за во 1960 година Македонската филхармонија да се конституира како самостојна музичка институција.

За време на своите 65 години постоење, Македонската филхармонија е еден од главните носители на музичкиот живот во земјата и амбасадор на македонската уметност во светот, со огромна улога во афирмирањето на македонските репродуктивни уметници, диригенти и промовирањето на современото македонско музичко творештво.

Покрај редовните концертни настапи во земјата, Македонската филхармонија има гостувано во Јужна Америка, Белгија, Холандија, Швајцарија, Шпанија, Полска, поранешниот СССР, Романија, Бугарија, Турција, Италија, Србија, Црна Гора…

Со оркестарот диригирале голем број странски и домашни диригенти – Ловро Матачиќ, Карло Цекин, Џемал Рашид, Јаромир Ноел, Игор Маркевич, Оскар Данон, во поново време Тадеуш Козловски, Вјачеслав Блинов, Павле Дешпаљ, Ермир Крантја, Рамиз Мелик Асланов, Антон Нанут, Јануш Пшибилски, Стефан Лано, Перо Петровски, Саша Николовски-Ѓумар, Борјан Цанев, Ле Фи Фи…

Настапиле реномирани вокални и инструментилни солисти, како Алдо Чиколини, Халина Черни-Стефанска, Хенрих Шеринг, Леонид Коган, Андре Навара, Хозе Карерас, Цимон Барто, Иља Гринголц, Торлеф Тедеен, Александар Мелников.

{loadposition content9}