ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА СИТЕ 7 ПАЦИЕНТИ КОИ СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНА ВИРУСОТ И СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ НА КЛИНИКАТА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ И ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ Е СТАБИЛНА
Министерството за здравство информира дека претпладнево министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот. Состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области.

Меѓу другото, на средбата ќе се дискутираат и евентуални нови засилени мерки за заштита на населението и превенција од натамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.
Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес конференција веднаш по завршувањето на седницата.
Министерството за здравство информира и дека, по информацијата добиена од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, здравствената состојба на сите 7 пациенти кои се позитивни на корона вирусот и се хоспитализирани на клиниката е стабилна.