Skip to main content

Професионализација на полицијата како сервис на граѓаните

7 Мај – Ден на македонската полиција

Централната манифестација по повод одбележувањето на 7 Мај, Денот на македонската полиција, ќе се одржи денеска, со почеток во 18:00 часот на „Долни Сарај“ во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Ден на македонската полиција

Денеска го одбележуваме Денот на македонската полиција – 7 Мај. Со реализација на процесот на реформи придонесовме кон повисока професионализација на полицијата, која денес е препознаена како сервис на граѓаните, бранејќи ги нивните права и штитејќи ги јавниот мир и безбедност.

„ Како одговорна влада ги подобривме условите за сите припадници на полицијата, за коишто обезбедивме континуиран пораст на платите и подобри услови за работа, за што и понатаму ќе продолжиме да бидеме посветени. Упатуваме честитки за операционализацијата на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС) што ќе придонесе за понатамошно имплементирање на европските стандарди во граничното управување.“- на објавија на фејсбук од Владата на Република Северна Македонија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод Денот на македонската полиција упати честитка до припадниците на македонската полиција, вработените во МВР.

„Ова е ден на кој оддаваме признание на полициските службеници кои ги доведуваат во опасност сопствените животи, додека ги извршуваат своите работни задачи во служба на граѓаните и на државата. Ми претставува чест што како министер за внатрешни работи имам можност секојдневно да соработувам со полициските службеници низ државата и да се уверам во непоколебливата посветеност на она што значи заштита на јавното добро, на чување на јавната безбедност, почитувањето на законите и сигурноста на заедницата”, вели Спасовски во честитката.

Централната манифестација по повод одбележувањето на 7 Мај, Денот на македонската полиција, ќе се одржи денеска, со почеток во 18:00 часот на „Долни Сарај“ во Охрид.
На манифестацијата, на која ќе присуствуваат членови на Владата на Република Македонија, министри за внатрешни работи и директори на полиции од европските држави, претставници на дипломатскиот кор и други високи гости, обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на Интерпол, генерал мајор Ахмед Насер Ал-Раиси.