Skip to main content

8 нови случаи на заболени со коронавирус

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

 |   | 

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1, Велес-4.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1526 , бројката на оздравени пациенти е 1013 , на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Последната дистрибуција по градови е следна:
•        Скопје – 515
        Куманово – 401
        Дебар – 51
        Штип-34
        Прилеп –159
        Тетово – 90
        Струга – 67
        Велес – 81
        Битола –19
        Охрид –15
        Кавадарци – 5  
        Гостивар –17
        Гевгелија – 4
        Струмица – 2
        Крива Паланка-5
        Радовиш – 4
        Крушево – 3
        Кочани – 31
        Пробиштип – 2
        Кичево – 2
        Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)        
        Демир Хисар – 1
        Македонски Брод -2
        Пехчево- 2
        Делчево-1
        Валандово -1
        Виница – 2
        Кратово-1

Направените 185  теста се преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен ф-тет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –27, Систина со PCR метода  -17 и МАНУ -17.  Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 септември“, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На респираторна машина се 3 пациенти, а уште 4 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на ковид-19.