Skip to main content

8 години затвор доби Рашковски за случајот Софтвери

Судот го задолжи Рашковски со уште тројца осудени во рок од 6 месеци да ја надоместат штетата која ја нанеле на државата со набавка на систем и софтвер за откривање на брзо возење во сообраќајот во вкупна вредност од околу 190 000 евра.
 |  инфодеск  | 
Рашковски

8 години затвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски пресуди денеска Кривичниот суд во случајот Софтвери.

Останатие обвинети добија затворски казни од три до пет години, и тоа 5 години Ивица Димитровски, 5 год и 6 месеци Игор Христов, 4 години Даниел Станчев, 3 години и 6 месеци Ирена Ивановска, по 3 години Игор Ивановски и Маја Силјановска.

Судот го задолжи Рашковски со уште тројца осудени во рок од 6 месеци да ја надоместат штетата која ја нанеле на државата со набавка на систем и софтвер за откривање на брзо возење во сообраќајот во вкупна вредност од околу 190 000 евра. Во спротивно ќе биде активирана гаранцијата од замрзнатите сметки имот како на обвинетите така и од малолетните деца на Рашковски на чија сметка тој ги префрлал парите добиени од кривичните дела.

 Во случајот „Софтвери“ поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, заедно со другите шест лица се товари за нелегалната набавка на софтвер. Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, a останатите се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот Законик.