Адвокатите го бранат Законот за нотарска дејност
Да беа адвокатите во нотарските канцеларии од почеток на нотарската дејност во Македонија немаше да ни се случат ниту Бачило ниту Фиком, е еден од аргументите на адвокатите кои жестоко го бранат новиот закон за нотарска дејност.
Да беа адвокатите во нотарските канцеларии од почеток на нотарската дејност во Македонија немаше да ни се случат ниту Бачило ниту Фиком, е еден од аргументите на адвокатите кои жестоко го бранат новиот закон за нотарска дејност.
Претседателот на адвокатската комора Никола Додевски, бранејќи го законот вели дека нотарите се поставиле во системот како судии, а не се судии за да решаваат оставински постапки.
Додевски ги обвини нотарите дека откако се дознало дека адвокатите и нотарите ќе ги делат трошоците адвокатската професија е нападната со измислиени хајки дека само сака да им ги земе парите, а всушност нотарите се тие кои од граѓаните наплаќаат огромни пари без гаранција за правна сигурност.
Ова предизвика и реакција од претседателката на нотарската комора Зорица Пулејкова. отарите со став дека се најчесните професоналци во државата и дека новиот закон само ќе направи хаос во работата на нотарите. Ќе има чудни ситуации кога татко и син на пример ќе мора во нотарска канцеларија да имаат адвокати кои ќе ги штитат еден од друг.
Велат дека законот предвидува промени кои тешко дека ќе може да се применат, како што е софтвер за електронско поврзување со катастарот на наедвижности.
Со измените нотарите ќе добиваат лиценци во траење од седум години ,по што државата ќе им го проверува знаењето.
За да ја добијат лиценцата освен стандардната процедура ќе мора да полагаат психолошки тест.