Skip to main content

„Oпозицијата го критикува проектот за политички поени“

Агелар: Процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ за коридорите е транспарентен и законски

Граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10-д кога ќе бидат комплетирани, потенцира Агелар.
 |  инфодеск  | 
амбасадорка Агелар

Процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ за изградба на коридорите 8 и 10-д е целосно транспарентен и законски бидејќи тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, вели американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер во интервју за МИА.

Нејзиното појавување на одбележувањето на почетокот на изградбата на коридорите, според неа, е одраз за нејзината проамериканска бизнис-ориентација.

„Јас сум пред сè Американка, јас не гласам тука, немам партија во Северна Македонија, не сум член на ниту една политичка партија. Ние во амбaсада правиме сè што е во наша моќ за да ја помогнеме промоцијата на американските инвестиции тука, бидејќи тоа не е добро само за американските инвеститори, туку тоа е мошне важно за граѓаните на оваа земја.“,посочи Агелер.

Агелар изрази разочарување поради тоа што опозицијата го критикува проектот без да располага со сите факти и информации , додавајќи дека тоа го прави за добивање политички поени.
„Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата.“ – вели амбасадорката

Граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10-д кога ќе бидат комплетирани, потенцира Агелар во интервјуто за МИА.