Aгенција за храна и ветеринарство
АХВ повлече од продажба негазирана минерална вода
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето.
| инфодеск | Македонија
Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува производот Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литри
Рок на употреба: до 30.08.2024 година.
Причина за отповикување: небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18), се вели во соопштението од Агенцијата за Храна и ветеринарство.