Skip to main content

АХВ

АХВ проверува дали чипсот со акриламид влегол на македонскиот пазар

Ако се потврди дека спорниот чипс го има во земјата, производот веднаш ќе биде повлечен од продажба.
 |  инфодеск  | 
Чипс

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши проверки дали чипсот произведен во Србија за кој алармира Европската комисија го има на македонскиот пазар. Проверките следат по алармот дека во чипсот е откриено високо ниво на акриламид кој го зголемува ризикот од некои видови канцер.

Ако се потврди дека го има во земјата, производот веднаш ќе биде повлечен од продажба.

Во Системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ сѐ уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме“, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.