Skip to main content

Ајвар, пинџур и корнишончиња во Торонто

Во познатата фабрика за салати „Самрфрешсалад“ во Торонто вчера беше промовирана и дегустирана македонска конзервирана храна.

 |  Маја Савиќ  | 
ajvar
ајвар

altzimnicaПредставниците на седум македонски преработувачки капацитети Випро, Алтра, Ларс, Бонум, Бест фуд, Техноалат и Тргопродукт ги претставија своите производи – ајвари, лутеници, пиндзури, печени пиперки, мешани салати од зеленчук… пред триесетина дистрибутери од водечките системи на трговски центри и самопослуги во Канада.

 Промоцијата беше организирана од македонската Групација на производители на конзервиран зеленчук, а домаќин на настанот беше една од најголемите производители на салати и други производи од свеж зеленчук во Канада од македонско потекло Сузан Ничовски.

 Според изјавите на македонските стопанственици – производители на конзервирана храна, Канада со своите 33 милиони жители и многу висок стандард е одличен пазар што засега не е доволно познат и нуди огромни можности за пласман на македонските висококвалитетни производи од конзервиран зеленчук.

 Представниците на македонската конзервна индустрија во текот на неколкудневниот престој во Торонто посетија и поголем број трговски центри и супермаркети, како и етнопродавници на храна и се стекнаа со многу корисни искуства.

 Во организацијата на нивната посета и на презентацијата во фабриката „Самрфрешсалад“ активно беше вклучен и Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто.

 {loadposition content9}