“Албатрос“ фати 14 криумчари со мигранти, петмина во бегство
Голема меѓународна група која пренесувала мигранти од Албанија преку Македонија за Грција е разбиена при вчерашната полициска акција „Албатрос“ при што 14 лица се приведени, а по уште петмина се трага.
Голема меѓународна група која пренесувала мигранти од Албанија преку Македонија за Грција е разбиена при вчерашната полициска акција „Албатрос“ при што 14 лица се приведени, а по уште петмина се трага.
Полицијата ја разоткри групата од 19 лица кои во изминативе шест месеци за сума од 2000 до 2500 пренела околу 120 албански мигранти.
“Во овој случај документирани се 50 наврати при што се прокриумчарени 120 мигранти. Оваа организирана група која подолг период се занимавала со криумчарење мигранти делата ги извршувала на тој начин што претходно било договарана одредена сума на пари што се движеле помеѓу 2000 и 2500 евра да ги пренесе мигрантите“, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Во акцијата се уапсени жители од Велешта, Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија и Кичево, како и неколку албански државјани.
Полицијата направила претрес и во домовите на уапсените и еден угостителски локал при што се пронајдени неколку парчиња оружје, мала количина на дрога.
При акцијата е пронајден само еден албански мигрант, кој е префрлен во транзитниот центар. Додека уапсени криумчари со кривични пријави за криумчарење мигранти, трговија со луѓе и за трговија со малолетно лице се изведени пред истражен судија.
{loadposition content}