Александар Камбовски e нов претседател на Судскиот совет
Изборот на Камбовски доаѓа откако Судскиот совет остана без претседател минатиот месец, кога Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка.
| инфодеск | Македонија
Судијата Александар Камбовски е избран за нов претседател на Судскиот совет. За негово именување гласаа сите члена на советот со право на глас. Камбовски, кој летово стана член на Судскиот совет, доби доверба од 28 судии кои гласале за него. Судскиот совет има 15 членови, од кои 8 ги избираат судиите од своите редови, а од 5 членови што ги избира Собранието, двајца се на предлог на претседателот на државата.
Изборот на Камбовски доаѓа откако Судскиот совет остана без претседател минатиот месец, кога Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка.
Фото: 24info.mk